TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Граѓаните побараа „слобода, оставки и завршување на теророт“

24 Вести - 17.05.2015

Слобода, оставки, затвор, теророт завршува - вакви пораки од денешниот протестот „Граѓаните за Македонија“ испратија невладните организации, граѓанските здруженија, дел од уметниците, Студенскиот пленум.

„Протестираме за нашите деца, за нивната иднина!“

Deutsche Welle - 17.05.2015

„Збогум Никола, бараме оставки!“ Во мирна атмосфера, илјадници граѓани пред Владата во Скопје гласно порачаа дека сакаат промена на власта. „Излеговме на улица за нашите деца, за нивната иднина, да живеат во демократија, а не во ваква неподнослива ...

„Оставка“ и „Слобода“ - скандираат учесниците во протестот!

Deutsche Welle - 17.05.2015

Со пароли „Оставка“, „Збогум Никола“, „Демократија –сега!“, и море од граѓани над кои се веат македонски, албански, српски, турски и ромски знамиња, тече граѓанскиот антивладин протест пред зградата на македонската влада Негови организатори се ...

Против Груевски и скопскиот Девенпорт дел од демонстрантите извикуваа „УЧК,УЧК“!

Пулс24 - 17.05.2015

За американски пари на антивладиниот митинг во Скопје донесоа се што можеа од цела Македонија! Демонстрантите го носеа државното знаме на Македонија а имаше и албански знамиња... „Оставка“, „Збогум Никола“, „Секој човек има право на здрава животна ...

Илјадници граѓани на антивладините протести во Скопје

24 Вести - 17.05.2015

Илјадници граѓани се собраа денеска во центарот на Скопје, со цел да го изразат својот револт од акутелната власт и барааат оставка од целата Влада. Настанот се одвива под мотото „Граѓаните за Македонија; Доаѓаме“.

Поддршка за протестот и од Софија (ФОТО)

+инфо - 17.05.2015

Mирен протест се одржа и пред македонската амбасада во Софија, соседна Бугарија. Неколку луѓе го изразија својот став и незадоволството од режимот кој владее во Македонија. Учество зедоа и неколку солидарни бугарски граѓани, кои ја даваат нивната ...

Александар Поповски: Стојам на страната на луѓето што протестираат

Нова ТВ - 17.05.2015

Сценариото на некогашниот театарски статист не поминува кај публиката повеќе, рече Ирена Ристиќ пред стотици илјади граѓани дојдени на протест пред Влада. Таа го најави режисерот Александар Поповски кој им се обрати на граѓаните.

Илјадници граѓани се собираат на протест пред Владата

Нова ТВ - 17.05.2015

Илјадници граѓани се собираат на мирен протест пред Владата. Некои со приватни возила, други со автобуси, со воз, со комбиња, кој како с е снашол, како реки се слеваат од сите страни пред Владата.

ВИДЕО: Масовен граѓански протест – десетици илјади граѓани пред Владата кажаа #ЗбогумНикола

Либертас - 17.05.2015

Од видеото во продолжение погледнете како изгледаше денешниот масовен граѓански протест на кој десетици илјади граѓани од цела Македонија, од сите етнички и верски заедници се собраа пред Владата, со една цел, да кажат – ...

Скопје блокирано, колони граѓани се движат кон Влада

Радио МОФ - 17.05.2015

Скратени автобуски линии, пренасочен сообраќај со блокирани приоди кон центарот на градот и реки од граѓани кои се движат кон Влада е сликата од Скопје половина час пред најавениот масовен граѓански протест пред Владата организиран од граѓанската и ...

(Мега галерија) Масовен граѓански и мултиетнички протест: „Збогум Никола“

еМагазин - 17.05.2015

Во Скопје денеска се одржа масовен граѓански протест на кој беше побарана оставка од владата и премиерот Никола Груевски. На протестот според неофицијални информации учествуваа над 75.000 граѓани од земјата.

Над 2.500 прилепчани на протест во Скопје

24 Вести - 17.05.2015

Околу 2500 прилепчани, членови и симпатизери на СДСМ, но и членови на граѓански асоцијации со автобуси и комби возила, во организација на општинската организација на СДСМ од Прилеп, денеска од 9 часот се упатија на големиот мирен протест што во 14 ...

Граѓанскиот собир пред Владата без партиски обележја

Макфакс - 17.05.2015

Мирно и без инциденти, минува граѓанскиот протест пред Владата, на којшто се собрани илјадници граѓани кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски. Меѓу транспарентите што ги носат граѓаните на протестот се и: „Нема ти спас од народниот глас“ , ...

Видео пренос во живо од граѓанскиот протест пред Влада

Радио МОФ - 17.05.2015

Десетици илјади граѓани се собраа пред владината зграда на масовниот граѓански протест со кој се бара оставка на сегашната и формирање на преодна Влада. Протестот кој официјално започна во 14 часот може да се следи и преку видеоп пренос во живо на ...

Граѓанскиот собир без партиски обележја

Репортер - 17.05.2015

Мирно и без инциденти, заврши граѓанскиот протест пред Владата, на којшто имаше илјадници граѓани кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски. Меѓу транспарентите беа: „Нема ти спас од народниот глас“ , „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“ и ...

Александар Поповски: Протестирам за сите неправди направени во Македонија!

+инфо - 17.05.2015

Режисерот Александар Поповски својот говор го започна со репликата „Има нешто труло во државата и затоа треба да оздрави“. - Јас денеска стојам на страната на луѓе кои стојат на подобра Македонија.