Авантурaтa на Пол Погба во Монако веќе заврши. Францускиот играч за врска, кој потпиша со клубот од Кнежевството во јули 2025, одигра само шест натпревари минатата сезона, сите во Лига 1. Монако ја објави одлуката во официјална изјава на нивната официјална веб-страница.
Пол Погба (33) повеќе не е играч на Монако, откако клубот објави дека спогодбено се разделил со поранешниот светски првак. Во објавата се потенцира дека само делумно ги исполниле целите што ги поставиле на почетокот на минатата сезона. Погба тогаш потпиша двегодишен договор.
Пол Погба повторно е без клуб, откако Монако и францускиот фудбалер спогодбено го прекинаа договорот, иако соработката требаше да трае до јуни 2027 година. Погба во Монако помина само една сезона и одигра шест натпревари, со вкупно 115 минути на теренот.
Монако беше клубот кој прв му подаде рака на Пол Погба откако Французинот зад себе остави непријатна епизода со позитивен допинг тест, а долгата пауза на крајот направи тимот од „кнежевството“ да нема никаква корист од некогашниот светски шампион.