ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на критиките од СДСМ и Венко Филипче во врска со говорот на премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 8 Септември, оценувајќи дека тие сами се препознале во зборовите на премиерот.
Соопштение за јавност на СДСМ: Исто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог”, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.
Не е највпечатлив зборот „талог“ што го употреби Христијан Мицкоски, туку паничната брзина со која Венко Филипче и СДСМ се препознаа во него. Кога премиерот зборува дека криминалниот талог не смее да стане елита, а опозицијата веднаш возвраќа дека „опозицијата не е талог“, тогаш ...