Во овој момент нема услови за спроведување на уставните измени поради начинот на којшто се позиционира соседна Бугарија, порача министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во емисијата „Тема на денот“, нагласувајќи дека државата бара одржливо решение што ќе обезбеди ...
Прашан да го коментира извештајот на „Политико“, според кој Македонија е исклучена од патоказите кои ги подготвува ЕУ за дел од земјите кандидати, Муцунски рече дека се очекува ЕК неделава да објави документ поврзан со политиката на проширување, во кој, според неговите ...
Шефот на дипломатијата вели дека Македонија има обврска да бара решение со Софија, но инсистира на предвидливост и сигурност во процесот на евроинтеграција. Сакаме да најдеме решение за проблемот со Бугарија што ќе ни обезбеди предвидливост на процесот на евроинтеграција.