Не мора да прифатите cookies за веб-страниците да дознаат дека сте токму вие. Вашиот екран, графичката картичка, фонтовите, оперативниот систем, па дури и начинот на кој уредот обработува звук можат да се спојат во уникатен дигитален потпис.
Долго време кога се зборуваше за следење на интернет, најчесто се мислеше на таканаречените cookies – мали датотеки што веб-страниците ги зачувуваат во прелистувачот за да запомнат одредени информации за корисникот.