Овогодинешната победничка на Евровизија, Дара од Бугарија, ги изненадила своите обожаватели на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое се појавува со еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, и неговата ќерка.
„Вчера сосема случајно го сретнав Новак додека вечерав – најнеочекуваната средба, но некако се чувствуваше како да било пишано да се случи“, напиша Дара и објави видео како танцува со тенискиот ас и ќерка му во Атина.
Победничката на „Евровизија“, Дара од Бугарија, се сретна со српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ и со неговата ќерка Тара. Сè се случило многу спонтано, а средбата не можела да помине без познатиот танц на песната „Бангаранга“ , кој Ноле неодамна го изведе со малата Тара.
Хит видео со Ѓоковиќ, неговата ќерка Тара и бугарската пејачка Дара се прошири по социјалните мрежи, откако Дара објави снимка на Instagram на која светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ танцува со ќерката на нејзината песна „Bangaranga“.
Дарина Јотова, позната како Дара, која победи на Евровизија во мај во Виена, се сретнала со Новак Ѓоковиќ и со неговата ќерка Тара. Дара ги сподели впечатоците од нивната средба на својот профил на Инстаграм и истакна дека смета дека била „судбинска“. – Колку е мал овој свет.