Освојувачот на „Златната топка“ за 2026 година, Хари Кејн, во кариерата има играно натпревар против тетовска Шкендија, па синоќа клубот се потсети на тој меч и преку социјалните мрежи му ја честиташе наградата на Англичанецот.
Хари Кејн остави зад себе нестварна сезона во која постигна дури 73 голови, а откако ја доби „златната копачка“ поради неверојатната гол-статистика, Англичанецот ја дочека најубавата ноќ во кариерата кога се индивидуалните награди во прашање.
Изненадување или не, заслужено или не, сепак Хари Кејн синоќа ја доби “Златната топка“ како најдобар фудбалер за изминатата година. Од Македонија првата честитка дојде од Тетово, од Шкендија. Колку за потсетување, на 24 септември 2020 година, во таа “ковид сезона“ кога во ...