Две децении по влезот на ЕВН во македонскиот енергетски сектор, пораката што денес беше испратена од Националната галерија „Чифте амам“ е дека иднината на енергетиката ќе зависи од соработката, инвестициите и подготвеноста за новите предизвици што ги носи зелената транзиција.
Денеска, на Меѓународниот ден на жените во инженерството, со гордост им оддаваме признание на сите инженерки кои со својот интелект, прецизност и визија ја трансформираат енергетската иднина, споделија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод две години од формирањето на Министерството порача дека институцијата од идеја прераснала во еден од клучните носители на политиките во енергетскиот сектор во државата.