TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Унгарија се соочува со енергетска криза поради ниското ниво на водата во Дунав, загрозена нуклеарната централа „Пакш“

Вечер Прес - пред: 3 часа

Унгарскиот премиер Петер Маѓар во четвртокот предупреди дека единствената нуклеарна централа во земјата би можела целосно да запре со работа во наредните денови поради рекордно ниското ниво на водата во реката Дунав, што го зголемува ризикот од енергетска криза.

Поради рекордно ниското ниво на водата на Дунав, три земји ги затворија електраните

Трн - пред: 7 часа

Во Австрија Унгарија и Романија, хидроелектраните и нуклеарните централи мораа да го намалат производството или привремено да прекинат со работа Рекордно ниските нивоа на водата во Дунав предизвикуваат проблеми во производството на електрична енергија во Австрија, Унгарија и ...

Екстремните горештини ја погодија Унгарија: Можно целосно запирање на нуклеарната електрана „Пакш“

Скопје1 - пред: 10 часа

Екстремно високите температури и рекордно нискиот водостој на Дунав може привремено да доведат до целосно запирање на работата на унгарската нуклеарна електрана „Пакш“, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар. Тој посочи дека поради временските услови веќе се намалува ...

Три земји ги затворија електраните поради рекордно ниските нивоа на водата во Дунав

Независен - пред: 7 часа

Рекордно ниските нивоа на водата во Дунав предизвикуваат проблеми за производството на електрична енергија во Австрија, Унгарија и Романија, каде што хидроелектраните и нуклеарните централи беа принудени да го намалат производството или привремено да ги прекинат работите поради ...

Нивото на Дунав најниско во последните 50 години

Вечер Прес - пред: 10 часа

Водостојот на реката Дунав во Србија е на рекордно ниско ниво деновиве. На места реката може да се премиен пеш, а пред некој ден во неочекувано плитките води се насука крузер. На неколку мерни станици е измерено најниско ниво на водата во последните 50 години.

Дунав се приближува до историски најниско ниво – заглавени бродови, откриени остатоци од мамут

Press24 - 29.07.2026

Поради долготрајните топлотни бранови и сушата, нивото на реката Дунав се доближи до историски најниските вредности, предизвикувајќи сериозни проблеми во речниот сообраќај, туризмот и производството на електрична енергија во повеќе европски земји.

Падот на водостојот на Дунав ја гаси унгарската нуклеарна електрана Пакс

Трн - 29.07.2026

Поради нискиот водостој на реката што се користи за ладење, централата исклучува еден реактор и го намалува капацитетот на 60 проценти. Унгарската нуклеарна електрана Пакс попладнево ќе го исклучи едниот од своите четири реактори поради рекордно нискиот водостој на реката Дунав.

ДУНАВ КАЈ БУДИМПЕШТА Е ДЛАБОК САМО 31 САНТИМЕТАР, ХОТЕЛИ БРОДОВИ ЗАГЛАВЕНИ, РОМАНИЈА ЗАТВОРА НУКЛЕАРЕН РЕАКТОР ПОРАДИ НИСКО НИВО НА ВОДА

Економија и Бизнис - 28.07.2026

Околу 15 хотелски бродови останаа заробени на унгарскиот дел од Дунав, додека повеќето товарни бродови престанаа да пловат поради рекордно ниско ниво на водата, објави денес унгарското Министерство за транспорт и инвестиции.

Европа е загрозена од невидена суша: Нивото на реките драстично опаѓа, речниот сообраќај е веќе нарушен

Кумановски м. - 29.07.2026

Нивото на водата во реките опаѓа низ цела централна Европа, што ја нарушува пловидбата, а најтешка е ситуацијата на Дунав и Рајна. Пловидбата по најголемите реки во Европа станува сè потешка бидејќи високите температури и оскудните врнежи доведуваат до екстремно ниски нивоа на ...