Ново истражување спроведено со користење на воздушно ласерско скенирање открива дека мултикултурна цивилизација, која цветала во југозападна Амазонија помеѓу 600 година п.н.е. и 850 година од н.е., била дом на милиони луѓе, пишува „Физ.орг“ (Phys.org) .
Амазонската дождовна прашума важи за една од најнепрекинатите природни области во светот, но според новите откритија, таа изгледала многу поинаку пред речиси две илјади години, објави „Сајенс-алерт“ ( ScienceAlert ).
Истражувањата со ласерска технологија покажуваат дека древното население со векови го менувало и управувало прашумскиот екосистем. Новите археолошки наоди во Амазонија потврдуваат дека густата прашума со векови била дом на сложени, урбанизирани општества пред доаѓањето на ...