Репрезентацијата на Романија направи големо изненадување на Европското првенство во одбојка и за првпат во историјата се пласираше во четвртфиналето. Романците во осминафиналето во „Арена Софија“ убедливо ја совладаа Украина со 3:0, по сетови 25:22, 25:21 и 30:28.
Украинската одбојкарска репрезентација имаше одлични настапи во групата Б во која беше и Македонија на Европското првенство 2026. Украинците ја завршија групната фаза со учинок 4-1, единствено беа поразени од Полска, и ја имаа фаворитската улога против Романија во осминафиналето.
Репрезентациите на Полска и Германија се првите патници во четвртфиналето на Европското првенство во одбојка. Тоа ќе биде и првиот четвртфинален пар на шампионатот. Тоа е исходот по двата осминафинални дуели одиграни во Софија.
Германија ја совлада Бугарија со 3:2 во фантастичен осминафинален натпревар на Европското првенство во одбојка 2026. Бугарите имаа одличен почеток и поведоа со 2:0, добивајќи ги првите два сета со 25:21 и 25:21.
Познати се сите осминафинални двојки на Европското првенство во одбојка, откако синоќа се одиграа и последните натпреварите во групите А и Ц. Во Торино ќе се играат четири осминафиналиња, а најинтересно е што Србија ќе се соочи со Словенија, додека Италија ќе игра против Данска.
На Европското првенство за одбојкари, заврши фазата по групи. Со тоа познати се 16-те репрезентации што ќе продолжат во осминафиналето. Последниот ден во групната фаза донесе неколку интересни резултати. Импресивна победа од 3-0 за Белгија над Србија, големото изненадување и ...