ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ и Левица го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, ставајќи ги, како што наведува партијата, партиските интереси пред интересите на државата и македонската дијаспора.
„Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица. Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик.
Апасиев едно зборува пред камерите, друго прави зад затворени врати, глумејќи тврдокорен, велат од ВМРО-ДПМНЕ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Левица на чело со Димитар Апасиев намерно го блокира Изборниот законик, за, како што велат оттаму, алчност и политички театар.
Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење. Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една ...