Вработените во МВР останаа без здравствено осигурување – од вчера се враќаат од лекар со образложение или приватно да си платат или да чекаат да се регулира состојбата. За ова реагираа и синдикатите од каде велат дека надлежните институции мора да најдат системско решение ...
Вработените во МВР немаат здравствено осигурување зашто не биле платени придонеси за нивни колеги кои се вратени на работа со судски одлуки, велат од Фондот за здравство (ФЗОМ). Претходно од МВР ни изјавија дека проблемот не бил во нив, туку во ФЗОМ.
Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ официјално тврдат дека проблемот со здравственото осигурување на сите вработени, не е предизвикан од нивна страна и не упатија одговори да бараме од Фондот за здравство.
Соопштение за јавност на Левица: Вработените во МВР повторно остануваат без здравствено осигурување, па полициски службеници се враќаат од лекарски прегледи, дијагностички процедури, хемотерапија, па дури и операции.
Пријавувањето на вработените, пресметката и уплатата на придонесите се процеси поврзани со системот за наплата на придонесите преку Управата за јавни приходи, додека Фондот го евидентира статусот врз основа на податоците за извршената уплата.