Четириесет и шестгодишната Моника Томпсон од Лас Вегас се породила само еден ден откако дознала дека воопшто е бремена . Иако целиот живот била убедена дека не може да остане бремена, Моника под неверојатни околности го родила синот Џејден Ентони.
На 20-годишна возраст, менструацијата ѝ престанала целосно. Лекарите ѝ дијагностицирале предвремена оваријална инсуфициенција, со години не можела да забремени, а потоа, кога најмалку очекувала, тестот покажал две линии. Постојат бремености што родителите ги чекаат со месеци.