Лигата на шампионите се враќа на „Спотифај Камп Ноу“ по 55 дена пауза. Барселона вечерва од 21 часот ја пречекува Астон Вила во натпревар од четвртото коло во лигашката фаза, во дуел на две екипи кои моментално се наоѓаат во елитното друштво меѓу најдобрите осум.
Убедливата победа од 6-1 против Депортиво Алавес не ја решава кризата на Барселона во одбраната. Според ‘Cadena SER’, дефанзивците Жилс Кунде, Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен сè уште не се целосно закрепнати од своите повреди и нема да бидат достапни за натпреварот од Лигата ...
Фудбалскиот клуб Барселона донесе одлука да ја крене привремената рампа за навивачките групи од трибината „Гол 1957“, дозволувајќи им враќање на „Камп Ноу“ за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Астон Вила.