Ракометната федерација на Македонија потврди дека Гевгелија ќе биде домаќин на првиот официјален натпревар во новата сезона. Во борбата за трофејот во Супер Купот ќе се соочат Вардар и Охрид , а дуелот ќе се одигра на 2 септември во салата „26 Април“ , со почеток од 19:00 часот.
По завршениот турнир во Струга, оваа недела се игра и меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, но јасно е дека за првиот официјален трофеј во македонскиот ракомет ќе се игра на стартот на месец септември.
СУПЕР КУП 2026 | РК ВАРДАР 1961 – ГРК ОХРИД Новата ракометна сезона започнува со натпреварот за трофејот во Супер Купот на Македонија за 2026 година. Во среда, на 2 септември, во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Охрид.
И официјално. Ракометниот Суперкуп ќе се игра во Гевгелија на 2 септември (среда) со почеток од 19 часот во салата “26 април“.Познато е дека во битка за пехарот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и ГРК Охрид.