По повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, 21 Септември, здружението на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и невронаука денеска организира „Алцхајмер матине – „Она што останува-љубов, емоција, емпатија”.
Во Северна Македонија живеат повеќе од 24.000 лица со демеција, од кои најмалку 10.000 со Алцхајмерова болест. Со предизвиците на оваа болест, која уште се нарекува и тивка епидемија на 21 век, се соочуваат и членовите на потесното семејство 24часа/7дена во неделата, со години.
Под мотото „Она што останува – љубов, емоција, емпатија“, денеска се одбележува Светскиот ден на Алцхајмеровата болест – 21 септември. Настанот го организира здружението на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и невронаука „Алцхајмер матине“, со цел да се зголеми јавната ...