Најтрофејниот македонски ракометен колектив, РК Вардар 1961, полека ги загрева моторите за новата натпреварувачка сезона. Клубот официјално го претстави новиот гостински дрес за сезоната 2026/27, кој носи посебна тежина и емоција за сите навивачи на „црвено-црните“.
Ракометниот клуб Вардар денеска го претстави новиот гостински дрес за сезоната која следува. Новата опрема носи посебна симболика, бидејќи дизајнот е инспириран од 65-годишнината од основањето на клубот, со доминантни златни детали.
Ракометниот клуб Вардар се врати во европската елита и ќе биде дел од Лигата на шампиони, а во сезоната во која двократниот европски шампион прави кам-бек онаму кадешто припаѓа, играчите на Иван Чупиќ ќе играат во специјални дресови.