Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските разузнавачки служби дошле до документи што стигнуваат директно на масата на рускиот претседател Владимир Путин, а според нивните анализи незадоволството на руските граѓани од актуелната власт продолжува да расте.
Претседателот на Украина објави документи за кои тврди дека потекнуваат од руските служби. Според документите се очекува пад на популарноста на претседалот на Русија и неговата партија пред септемвриските избори.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави, како што тврди, доверливи руски документи кои покажуваат растечка загриженост во Кремљ поради внатрешната состојба во Русија пред парламентарните избори во септември.