По три години поминати во тимот на Ал Наср, Кристијано Роналдо конечно се израдува на една титула и тоа во првенството на Саудиска Арабија. Сега, Португалецот со својот клуб се подготвува за новата сезона во која ќе го бранат тронот во шампионатот.
Ал-Наср моментално се соочува со голема финансиска криза што може сериозно да влијае на активностите на клубот во тековниот преоден рок. Клубот досега не направил никакви трансфери, а финансиските проблеми се една од главните причини за оваа ситуација.
Според водечкото саудиско спортско издание „Аријадија“, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е во длабока финансиска криза. На раководството му е забрането да потпишува нови договори додека не се најде решение. Една опција е продажба на дел од клубот.