Исмаил Картал ќе остане главен тренер на Фенербахче , соопшти турскиот гигант вечерва, продолжувајќи ја драмата. Картал го објави своето заминување од Фенербахче веднаш по натпреварот од првото коло од Лигата на шампионите против Рома кој се одигра синоќа.
Неочекуван пресврт го одбележа враќањето на Фенербахче во Лигата на шампионите. Само по еден натпревар во елитното европско натпреварување, тренерот Исмаил Картал објави дека си поднесува оставка, но претседателот на клубот Азиз Јилдирим експресно ја одби неговата одлука.
Шокантен епилог на големото европско дерби во Истанбул, откако Исмаил Картал поднесе оставка од функцијата тренер на Фенербахче веднаш по ремито 1-1 против Рома. Турскиот стратег по натпреварот откри дека одлуката веќе е донесена и дека нема намера повторно да седне на клупата ...