Соседна држава шири информации и лобира Европската Унија да не и помага финансиски на Македонија и да и ги скрати сите фондови, со цел земјава да дојде пред банкрот и да биде приморана да ги прифати сите барања, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во Собранието ги отфрли критиките на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, поврзани со јавниот долг, оценувајќи дека актуелната Влада постигнала подобри економски резултати со значително помало задолжување.