И добри и лоши вести за Бразил, за селекторот Тите. Имено првата ѕвезда на тимот Нејмар ќе се најде на списокот на играчи за осминафиналниот дуел против Ј. Кореја. Неговиот зглоб сега е далеку подобар и тој веќе одработи два тренинга.
Во последното коло од групата на СП, Бразил не само што загуби неважна партија (0:1 од Камерун), туку и двајца важни играчи до крајот на првенството. Левото крило Алекс Телес и напаѓачот Габриел Жесус беа повредени во споменатиот натпревар.
Бразилската ѕвезда Нејмар се врати на тренинзите со тимот пред осминафиналето на Светското првенство против Јужна Кореја во Катар. Нејмар учествуваше на денешната сесија и вежбаше со топка, изведувајќи удари кон голот на само два дена пред следниот ...