Секогаш сум ги ставал децата пред кариерата. Еве ќе раскажам една приказна. Се облекувам за деловна вечера со сопственик на телевизија, а Сташа ми вели: Тато каде одиш сега? Па, велам, одам на некоја вечера. Сакам ти да ме заспиеш, ти никогаш не ме успиваш.
Во гостувањето во подкастот Calac.rs, посветен на теми поврзани со мажите и татковството, Ивановиќ отворено зборувал за родителството, секојдневните предизвици и изборите што ги прави како татко на две ќерки – Сташа и Лола.