Милијардерот и филантроп Херберт Вертхајм (87) плати 40 милиони долари за уникатниот „ферари Луче“ (Ferrari Luce) на хуманитарна аукција на куќата „Сотби“, со што постави рекорд за најскап нов автомобил некогаш продаден на аукција.
Првиот примерок од електричниот модел Ferrari Luce, со шасија број 0, достигна неверојатна цена на официјална аукција – дури 34,6 милиони евра. Иако редовната цена на моделот е околу 553.000 евра, организаторите очекувале првиот примерок да достигне најмногу околу 1,3 милиони ...