Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го одигра еден од најслабите натпревари на досегашните учества на континенталните собири и со пораз од Португалија 3:0 (25:13, 25:20, 25:20) ги загуби шансите да се надева на пласман во осминафиналето.
Португалската репрезентација во завршницата од групната фаза на Европското првество во Софија, влегува со забележлива физичка исцрпеност, но и со желба настапот да го заврши со победа, констатира селекторот на денешниот противник на Македонија, Жозе Хозе.
Во црвено и жолто, со македонски знамиња, насмевки и громогласна поддршка од трибините, македонската одбојкарска репрезентација во Софија ја има најважната поддршка – онаа од своите најблиски. Во арената „8888“ покрај македонските навивачи, посебно внимание привлекуваат ...
Македонската одбојкарска репрезентација денеска го одработи утринскиот тренинг во Арената Софија подготвувајќи стратегија за двата клучни натпревари утре и задутре против репрезентациите на Португалија и Израел.