СВЕЧЕНО ОТВОРЕНО 56. ИЗДАНИЕ НА „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ Битола повторно дише во ритамот на народната песна и игра. Со свечена церемонија, дефиле по Широк сокак и со богата културно-уметничка програма, беше отворено 56.
Ансамбли од Порторико, Венецуела, Унгарија, Грузија, Грција, Македонија и други држави облечени во народни носии, играјќи и пеејќи, продефилираа на традиционалното дефиле низ Широк Сокак на 56. Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови” во Битола.
Веќе пет и пол децении наназад, Фестивалот „Илинденски денови“ претставува вистински простор за промоција на културното наследство во сите појавни форми – музиката, танцот, игрите, обредите, обичаите, традиционалните носии и сите останати формати на уметничкиот израз, пишува во ...