Доколку трките се одржуваа во петок, Ферари секогаш ќе беше меѓу фаворитите. Така изгледаше вчера на првите тренинзи, иако италијанскиот тим во Монца презентираше вредни подобрувања во потрага по победа на домашен терен.
Легендарната патека на автодромот во Монца викендов ќе биде во центарот на Формула 1 случувањата, бидејќи се вози за Големата награда на Италија. Оваа патека е посебна инспирација за возачите на Ферари, кои се на домашен терен.
Формула 1 пристигна во својот храм. Легендарната Монца, култната патека и домот на страстните тифози на Формула 1, ќе биде домаќин на тринаесеттата трка сезонава, но и клучно бојно поле во технолошката војна што се води меѓу Ферари и Мерцедес.
Луис Хамилтон верува дека Ферари оваа година има болид со кој може да се бори за победа на Големата награда на Италија. Ферари ќе ја претстави во Монца и втората надградба на погонската единица оваа сезона, која ќе ја добијат и Хамилтон и Шарл Леклер.
Кими Антонели ќе има исклучително тежок предизвик на домашната Голема награда на Италија откако поради казна ќе стартува од последната позиција на патеката во Монца. Возачот на Мерцедес е казнет поради користење на петтиот погонски агрегат во сезоната, со што го надмина ...
Трката во Монца се приближува и Кими Антонели доаѓа како лидер на шампионатот на Формула 1. Возачот од Болоња објасни колку е посебно за него да пристигне во Италија како лидер на шампионатот, трка каде што ќе започне од последното место поради казна.
Луис Хамилтон смета дека унапредената погонска единица на Ферари, која ќе дебитира викендов на Големата награда на Италија, ќе претставува чекор напред, но предупредува дека нема целосно да ја надомести разликата во однос на ривалите.
Овој викенд Формула 1 пристигнува во култниот „Храм на брзината“, а сите очи на италијанската публика требаше да бидат вперени во нивниот нов херој. Кими Антонели штотуку наполни 20 години и пристигнува на своето домашно Гран При во Монца како убедлив лидер во шампионатот (59 ...