Бројот на напуштени змии и други егзотични домашни миленици во Велика Британија е во пораст, соопшти денес британската организација за спасување животни „Пет Енконтер“, откако змија беше пронајдена на полица за леб во супермаркет.
Необична сцена ги изненадила купувачите во продавница во Велика Британија, откако меѓу производите со леб била пронајдена мала змија. Станувало збор за млада пченкарна змија, која по спасувањето била однесена во организацијата Pet Encounter во Воркингтон.