Како што веќе известивме, на почетокот од овој месец експедиција од Скопското астрономско друштво отпатува во Шпанија од каде на 12 август, во доцните попладневни часови, можеше да се проследи целосно затемнување на Сонцето.
Две години подготовки за 2.500 фотографии окинати во 96 минути. Боби Кузманоски го сними спектакуларното затемнување на Сонцето од Шпанија.
По речиси три децении на 12 август од тлото на Европа повторно можеше да се набљудува целосно затемнување на Сонцето, при што милиони луѓе имаа ретка можност да го доживеат денот претворен во ноќ. Милиони други пак, што не беа на линијата на тоталитетот, имаа можност да ...