Осум лица добиле медицинска помош поради повреди здобиени за време на денешниот протест во Тирана, се наведува во прелиминарниот извештај на албанското Министерство за здравство и социјална заштита, јави албанската новинска агенција АТА.
Студентските протести во Тирана денеска, 24 октомври, повторно прераснаа во судири со полицијата. На протестите им се приклучи и опозицијата, која бара техничка влада. Дел од демонстрантите фрлале камења кон Министерството за образование, по што полициските сили употребиле ...
Весник Илинден - Кумановски м. - Рацин - Либертас - Весник Илинден - iNFOMAX
Поддржувачи на албанската Демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана; за време на собирот пред министерството – каде што беше најавен и студентски протест – демонстрантите запалија контејнери за отпад.
Трн - Прва Скопска - Шеталиште - Скопско Ехо - Журнал - 24Инфо
Демонстрантите ги запалија столчињата што ги постави премиерот Еди Рама пред кабинетот, како дел од неговата покана за дијалог со студентите. Инцидентот се случи за време на протестот на опозицијата во Тирана. Протестот на опозицијата пред кабинетот на премиерот беше проследен ...
Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Владата не може да се собори со насилство и најави казни за учесниците во насилните инциденти. На денешната прес-конференција тој повика на дијалог и најави мерки за ублажување на растечките трошоци за живот.
-Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во Тирана, со што демонстрациите влегоа во својот 11-ти ден, на универзитетските студенти и предавачи им се придружија граѓани и здравствени работници. Предавачите и студентите најпрвин се собраа пред Политехничкиот универзитет ...
Дваесетгодишен студент по медицина во Тирана јавно му се спротивстави на албанскиот премиер Еди Рама, откако неговата фотографија се најде меѓу објавените снимки на лица кои премиерот ги поврза со криминални активности за време на студентските протести.