Четири лица загинаа, а 11 се повредени кога воен хеликоптер на мисијата ЕУФОР се урна во селото Горице, во близина на Брчко, во Босна и Херцеговина. Меѓу загинатите има двајца припадници на италијанските вооружени сили и двајца припадници на италијанскиот воен Црвен крст.
Објавена е снимка од падот на хеликоптерот на ЕУФОР во Горице кај Брчко, Босна и Херцеговина, во кој денес загинаа три лица, а 12 беа повредени. Билансот го потврди градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ. Едно од повредените лица е во критична состојба.
Летало на ЕУФОР се урнало во четвртокот на подрачјето на Брчко, во Босна и Херцеговина, за време на рутинска операција, потврди меѓународната воена мисија. Според „Дневни аваз“, станува збор за воен хеликоптер, а во несреќата загинале три лица што се наоѓале во него.
Три војници загинале, а 12 биле повредени при пад на транспортен хеликоптер на ЕУФОР во селото Горице, кај Брчко во Босна и Херцеговина, јави Радио Слободна Европа. „Имаме и 12 повредени лица, од кои некои се потешко повредени.