Зоран Бојаровски Скандалот со млечните производи можеби ќе заврши со парични казни и корекции на декларациите. Но штетата врз довербата и во компаниите, и, особено, во институциите кои се должни да ги штитат граѓаните, веќе е направена.
Аферата со млечните производи веќе не може да се чита како изолиран пропуст во една производна линија. Кога по сирењето и кашкавалот вниманието се префрла кон сувомесните производи, станува јасно дека проблемот не е во една етикета, туку во ...