Во последните осум години, бројот на неважечки гласачки ливчиња на локалните избори во Македонија бележи видлив пораст, при што последниот изборен циклус го потврди трендот на растечка изборна недисциплина или протестно гласање.
Според Државната изборна комисија (ДИК) во првиот круг од локалните избори, кој се одржа во недела, имало дури 53.724 неважечки ливчиња за градоначалници, а кај советничките листи – 50.143.
На вчерашните локални избори во Македонија биле забележани речиси 50.000 неважечки ливчиња, покажуваат првичните, неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК). Од вкупно 883.937 граѓани кои излегле на гласање, 833.984 ливчиња се ...