Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека од страна на Надзорниот одбор и добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка, Мирјана Трајановска повторно е именувана за генерален директор за финансии и член на Управен одбор на Банката.
Мирјана Трајановска ќе продолжи да ја извршува функцијата генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје до 29 јануари 2029 година. Надзорниот одбор донесе одлука за нејзино повторно именување, а добиена е согласност и од Народната банка.