Музеј во Ротердам истури над 360 килограми путер од кикирики на подот за да му оддаде почит на холандскиот уметник Вим Схиперс, кој почина минатиот месец. Оваа количина путер е доволна за околу 15.000 сендвичи.
Во Музејот „Бојманс ван Беунинген“ во Ротердам од петок повторно ќе биде поставена инсталацијата „Под од кикирики“ , создадена како омаж на холандскиот концептуален уметник Вим Т. Шиперс, кој почина минатиот месец на 83-годишна возраст , пренесува „АП“.