Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалната мрежа Икс соопшти дека украинските сили погодиле руски воени складишта и поморска база, што го нарече оправдан одговор на руските напади.
Санкт Петербург денес бил цел на масовен напад со беспилотни летала, соопшти гувернерот на градот Александар Беглов. Во исто време, во три одделни руски напади врз јужниот украински регион Херсон загинале пет лица.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските дронови синоќа погодиле складиште за нафта во рускиот регион Краснодар и воена база во близина на Санкт Петербург.
Руските сили соборија 86 украински дронови во регионот околу Санкт Петербург, градот домаќин на голем инвестициски форум, објави гувернерот на регионот во саботата. „Осумдесет и шест дронови беа соборени над регионот Ленинград.