Пациентите ќе плаќаат само партиципација, ФЗО најавува нови терапии и построги контроли Од 1 јули, на позитивната листа на лекови се вклучени три нови антикоагулантни терапии : „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“, против згрутчување на крвта.
Три антикоагулантни лекови од 1 јули се достапни на позитивната листа и пациентите може да ги подигнуваат во аптека со рецепт од лекар специјалист, наместо да ја плаќаат целата цена и потоа да бараат враќање на парите од Фондот за здравствено осигурување.
Од пред една недела, „клексан“ е на позитивната листа на лекови заедно со уште два лекови против згрутчување на крвта и пациентите може да го подигнуваат од аптеките со рецепт од специјалист, и за него повеќе нема да има рефундација од Фондот за здравство.
Сите аптеки имаат обврска да обезбедат медикаменти кои се дел од позитивната листа и се издаваат врз основа на лекарска препорака, нагласи денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Лекот што со години се купуваше со сопствени средства од 1 јули треба да биде достапен на рецепт. Фондот за здравство се огласи откако граѓани пријавија дека во одредени апетки не можат да го подигнат. Фондот за здравствено осигурување се огласи откако граѓани пријавија дека не ...