ГФК Тиквеш ќе ги започне подготовките за новата сезона в среда, 24 јуни, а првата фаза ќе се реализира во Кавадарци во периодот од 24 јуни до 2 јули. Втората фаза од подготовките ќе се одржи во Давраз, Испарта (Турција) во периодот од 5 јули до 21 јули.
Тиквеш попладнево промовираше уште едно ново име, а тоа е Јован Попзлатанов (29). Искусниот офанзивен бек, кој може да игра и по левата и по десната страна во изминатата полусезона го носеше дресот на Работнички. Претходно беше дел и од Македонија ЃП.
Екипата на ГФК Тиквеш полека но сигутно го склопува ростерот за следната сезона. Поточно, ги пополнува местата кои што во тимот се испразнети со заминувањата ова лето, кои што реално не беа во мал број. Десетина фудбалери си заминаа од Кавадарци, а засега потврден е само Марко ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш е активен на трансфер-пазарот. По ангажманот на голманот Марко Алчевски, денеска како ново засилување е промовиран и младинскиот репрезентативец Теодор Николовски. Тој доаѓа од редовите на Работнички и потпиша договор до 2029 година.