Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 18:00 часот на 19 јули се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор низ државата. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати.
До 13:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).