По одлуката на хрватските власти да ги суспендираат дистрибуцијата и употребата на бесеже-вакцината произведена од бугарската компанија „Бул био НЦИПД“ од Софија, привремено се одложува имунизацијата со оваа вакцина и во Македонија.
Одлуката комисијата ја донесе како превентивна мерка и во објаснуавњето се вели дека одлуката за оваа мерка е донесена поради проверка на сериите на вакцините кои се користат кај нас,а се од истиот производител од Бугарија како во Хрватска.
Агенцијата за лекови и медицински средства на Хрватска (ХАЛМЕД) денеска објави нови информации за суспендираната бесеже вакцина од бугарскиот производител „Бул Био НЦИПД“. Оваа вакцина се администрира и во Македонија и од денеска е времено суспендирана и кај нас.
Институтот за јавно здравство на Република Српска донесе одлука привремено да ја запре дистрибуцијата на БСЖ вакцината од бугарскиот производител BB-NCIPD Ltd. и да препорача привремен прекин на нејзината примена.