Речиси 200 полицајци беа повредени за време на немирите во последните неколку дена во Милано, а предизвиканата материјална штета се проценува на околу еден милион евра, изјави денес италијанскaта премиерка Џорџа Мелони.
Италија ќе одобри нови безбедносни мерки насочени кон малолетниците по неколкудневните немири во кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и оштетија имот. Заменик-министерот за внатрешни работи, Никола Молтени, изјави за „Радио 24“ дека владата ќе одобри ...
Ескалацијата на немирите во Франција и во Италија за време на минатиот викенд предизвика штета на стотици продавници. Маскирани групи извршија напади во продавници во Париз крадејќи цигари, очила за сонце, облека, накит и храна, како и готовина од касите.
Италијанската влада ќе испрати дополнителни 500 војници за да го „одбранат Милано“ по дводневните немири во кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбија продавници и уништија имот, изјави вицепремиерот Матео Салвини.