Властите во Париз се соочуваат со голем скандал откако беше откриено дека од почетокот на годинава се суспендирани дури 52 лица кои воделе воннаставни активности, под сомнение за сексуално насилство врз малолетници.
Од 1 јануари годинава досега во Париз од работа се отстранети 132 училишни аниматори, од кои 52 поради сомневања за сексуално или сексистичко насилство, изјави парискиот градоначалник Емануел Грегоар.