Во Македонија секоја година има околу пет илјади нови случаи, а невролозите предупредуваат дека болеста сè почесто ги погодува и младите Секоја минута без соодветен третман за време на мозочен удар, мозокот губи околу два милиони нервни клетки.
Мозочниот удар претставува значаен јавно-здравствен предизвик. Навременото препознавање на предупредувачките знаци, контролата на ризик-факторите и брзото добивање соодветна медицинска помош се од суштинско значење за намалување на последиците и спасување човечки животи.
По повод Светскиот ден на мозочниот удар, охридската болница „Св. Еразмо“ организира бесплатни здравствени прегледи и стручни консултации, со цел да ја поттикне јавната свест за значењето на превенцијата и навременото откривање на ризиците.
Кај 60 од вкупно 174 граѓани кои вчера направиле бесплатни превентивни здравствени проверки во центарот на Скопје биле измерени зголемени вредности на крвниот притисок. Покачен шеќер во крвта бил регистриран кај 34 лица, а зголемени маснотии кај 45 граѓани, информира за МИА ...