Целата територија на Македонија, утре ќе биде во портокалова алертна фаза поради горештините. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Топлотниот бран ги носи температурите над 40-тиот степен, но од недела следуваат локални невремиња со пороен дожд, засилен ветер и град. Македонија се соочува со нов пеколен бран каде температурите на сите мерни станици нагласено растат.
Активиран е метеоаларм за целата територија на Македонија поради најавените високи температури, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Предупредувањето се однесува на целиот регион и бара соодветна претпазливост од атмосферските услови.
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура: 12°C до 21°C Максимална температура: 33°C до 39°C извор: УХМР
Слободен Печат - Национално - Фокус - 24 Вести - Булевар - Шеталиште
Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.