TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

APPLE И ЕВРОПСКАТА УНИЈА СЕ ДОГОВОРИЈА околу правилата за App Store, откако компанијата лани беше казнета 500 милиони евра

Пари - пред: 5 часа

После многу натегања, американската технолошка компанија Apple и Европската Kомисија конечно се договорија за правилата на App Store. Apple сега им дозволува на апликациите да прифаќаат плаќања преку услуги од трети страни и ги реструктуираше надоместоците за App Store.

Apple попушта пред ЕУ: Провизиите за програмерите паѓаат, а се отвора и патот за алтернативни продавници

Трн - пред: 6 часа

Apple најави големи промени во правилата за програмерите во Европската Унија, по долгогодишниот спор со европските регулатори околу контролата врз App Store. Новите правила стапуваат во сила од 1 октомври, а една од најзначајните промени е намалувањето на провизиите што Apple ги ...

Apple најави нови правила и провизии за апликациите во Европската Унија

Smartportal - пред: 2 часа

Промените стапуваат на сила од први октомври и воведуваат единствени деловни услови за сите програмери во ЕУ Apple објави нови промени во своите деловни услови за апликациите на територијата на Европската Унија, кои доаѓаат како резултат на соработката со Европската комисија.

Apple може да остане без никаква провизија од апликациите надвор од App Store

Конект - пред: 20 часа

По години правни битки и регулаторни притисоци во САД и Европа, Apple во нови документи призна дека неговиот исклучително профитабилен бизнис со провизии би можел да биде сериозно загрозен, што би можело да влијае и врз целокупното работење на компанијата.

„Епл“ ги прилагодува прашањата за следење на корисниците на ајФон

Проверено - 17.08.2026

„Епл“ го менува прозорецот што се отвора пред корисниците на ајФон кога првпат отвораат апликација, со цел да изберат дали ќе дозволат следење на нивното однесување на други апликации и веб страници, со цел да бидат прилагодени рекламите што ќе им се појавуваат, соопшти ...

„Епл“ ги менува упатствата за следење по притисокот од Германија и ЕУ

Независен - 18.08.2026

„Епл“ ги менува своите упатства за следење на апликациите за ајфон во европските земји по критиките од регулаторите за конкуренција и отпорот од рекламната индустрија, со што завршува истрагата на германската Федерална канцеларија за картели.