Службите за итни случаи во неделата се обидуваа да стават под контрола голем шумски пожар во источниот дел на Белгија, откако огнот уништи околу 2.700 хектари природен резерват и принуди околу 600 жители да се евакуираат во област во близина на германската граница.
На жителите на две блиски села им беше наредено да се евакуираат, а локалните власти предупредија дека пожарот може да стигне до куќите. Голем шумски пожар гори во најголемиот природен резерват во Белгија, најлошиот во поновата историја на земјата, објави денес Би-Би-Си.
Белгија побара итна помош од Европската Унија во борбата со големиот шумски пожар што со денови беснее во природниот резерват Хоес Фањ, на истокот од земјата. Во одговор на барањето, европските земји испратија три хеликоптери и два канадери за да помогнат во ставањето на огнот ...
Германски град во близина на белгиската граница им препорача на жителите да се евакуираат, бидејќи голем шумски пожар во Белгија се шири кон Германија. Според соопштението на властите во градот Моншау, пожарот моментално е на 1,5 км од германската граница и на 1,8 км од ...