Поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на улицата „Лермонтова 16“ во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истоимената улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во текот на изминатото деноноќие биле извршени три интервенции во Општините Карпош, Центар и Кисела Вода, додека активности биле спроведувани и во Шуто Оризари, Бутел, Гази Баба, Аеродром и Чаир.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 150 мм на булеварот Видое Смилевски – Бато б.б – кај полициската станица, без вода ќе останат корисниците од булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.