По насилните инциденти од 17 октомври, француските власти најавуваат масовно безбедносно распоредување за сабота, 24 октомври. Војниците од операцијата „Сентинел“ ќе обезбедуваат објекти, а специјалните единици GIGN, RAID и BRI ќе бидат подготвени за високоризични интервенции.
Париската полициска префектура донесе уредба за зонска забрана за собири и демонстрации во одредени делови од Париз, пред сè во потесниот центар, која е во сила денеска од 08:00 до 20:00 часот. Забранети се собири и демонстрации во близина на Елисејската палата, палатата Матињон ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска од Доха испрати предупредување до демонстрантите кои ќе протестираат в сабота. – Тие кои сакаат да предизвикаат хаос во градските центри следната сабота ќе бидат спречени да го сторат тоа.
Распоредувањето на полицијата за новите протести планирани во Франција в сабота „ќе биде масовно“, најави премиерот Себастијан Лекорну, признавајќи дека полицијата, на 17 октомври кога имаше немири, била „престатична и недоволно мобилна“.