Дека Windows Phone платформата е „мртва“ ни е јасно веќе одамна. Microsoft и најави дека иако поддршката за сигурносни надградби ќе остане, корисниците да не очекуваат нови функции за овој оперативен систем.
Пред околу една година, Microsoft ги отстрани од Windows 10 Fall Creators Update сите API, поврзани со паметните телефони. Тогаш тоа беше јасен знак дека компанијата од Редмонд наскоро планира да лансира нови мобилни уреди на пазарот.